Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јасна порака од Москва: Русија е подготвена да ги сослуша новите американски предлози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Русија и САД продолжуваат со активни контакти на повеќе нивоа, а Москва останува отворена за разгледување нови американски предлози за политичко решение на конфликтот во Украина. Ова го изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

— реклама —

Рјабков посочи дека комуникацијата меѓу Москва и Вашингтон не е прекината и дека контактите се одвиваат и меѓу владините администрации и преку безбедносните служби.

„Подготвени сме да ги сослушаме“ американските идеи, порача рускиот функционер, но истовремено нагласи дека тоа не значи отстапување од позициите на Москва.

— реклама —

Неговата изјава следува по најавите од американскиот државен секретар Марко Рубио дека во мировниот процес за Украина се потребни нови идеи. Рјабков рече дека Русија е подготвена да ги разгледа сите разумни предлози доколку тие, како што оцени, ја земаат предвид актуелната состојба на теренот и целите поставени од рускиот претседател Владимир Путин.

— реклама —

Тој, сепак, отфрли можност разговорите да бидат искористени само за добивање време за дополнително вооружување на украинските сили.

Рјабков оцени и дека „времето работи против Киев и Европската Унија“, додавајќи дека тие ќе мора да ја земат предвид оваа околност.

— реклама —

Москва, според него, не би прифатила решение засновано на, како што ги нарече, максималистички барања на Украина и Европската Унија. Од руската страна, како што порача, прифатливи се само предлози што се усогласени со руските цели и со состојбата на теренот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 9 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 12 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања