Обединување на опозицискиот блок е единствен начин за да падне власта на СДСМ и ДУИ, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Тој анализирајќи ги состојбите во државата, посочува дека Македонија ги живее најтешките години, бидејќи граѓаните се сведоци на самоволие и еден локален шериф кој е полн со афери и скандали.
„Единствен начин за да падне оваа криминогена власт предводена од СДС&ДУИ е преку обединување на опозицискиот блок во Македонија. Друг начин, видовме дека нема. Македонија ги живее најтешките години од нејзиното постоење, лошо е и за Македонците, Албанците, Ромите и Власите, Србите, Бошњаците, Турците, лошо е за сите заедници во Македонија.
Се иселуваат и Македонци и Албанци. Се иселуваат и од Струга и од Делчево, од Враништа и од Велешта, од Радожда и Радолишта итн... Конкретно од Струга може да се направи цел профил на владеењето на власта. Гледаме самоволие и еден локален шериф кој е полн со афери и криминални и коруптивни скандали. Неспособноста на дуото на власт ја испразни Македонија и затоа, само вака обединети можеме да ставиме крај на тоа. Силна и обединета опозиција значи крај за СДС&ДУИ. Силна опозиција значи многу брза транзиција на власта и силна Македонија, а секој оној кој нема да се приклучи кон овој блок ќе придонесе за останување на Заев на власт“, напиша пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.