Јован Јаулески, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, за хаосот во Собрание вели: „Ова се случува само во длабоките комунистички режими и кај нас“.
„Самоволие, донесување дневен ред без претходно да биде прочитан и поделен на пратениците. Брутално силување на деловникот и процедурите за работа, без етика и морал и без грам почит кон опозицијата. Но ние не се откажуваме Одиме до крај, за Македонија!“, вели Јаулески.
Хаосот се случуваше за време на собраниската седница која трае и по работното време на Собранието. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски прво бараше процедурално, но спикерот Талат Џафери не дозволи. По ова, Џафери му рече на Мицевски да се тргне од неговиот пулт ако не е за тепање.