Промени тема
Контакт

Јавна расправа во Собранието за новиот Закон за оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
pistol

Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за оружје, со кој се предлагаат измени и дополнувања на постојната законска рамка во оваа област.

Со предложените решенија се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување оружје, како и неговото чување, производство, поправање, деактивирање, промет и посредување. Законот ги опфаќа и прашањата поврзани со трансферот, превозот, претоварот и пренесувањето преку државната граница на оружје, неговите составни делови и муниција.

— реклама —

Од Собранието посочуваат дека целта е да се унапредат постојните законски решенија и да се надминат практичните предизвици со кои се соочува Министерството за внатрешни работи како надлежен орган.

— реклама —

Воедно, предвидено е националната регулатива да се усогласи со релевантните европски и меѓународни стандарди, вклучително и директивите и регулативите на Европската Унија, како и протоколите на Обединетите нации што се однесуваат на контролата на огненото оружје.

— реклама —

На јавната расправа се поканети претставници на институции, организации и експерти од областа на одбраната и безбедноста, кои ќе имаат можност да ги изнесат своите ставови, забелешки и предлози во однос на предложените законски измени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Критики, навреди и пцости во Собранието: Гаши денеска се откажа од Законот за нетранспарентно трошење за проектот Скопје – Европска престолнина 2028

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Македонија | пред 1 месец

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи, продолжува кризната состојба, интензивен ден во Собранието

Македонија | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

Пратениците денес ќе одлучуваат за Завршната сметка на Буџетот

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања