Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јавниот долг на Франција расте: До 2027 година ќе достигне 121,7 отсто од БДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
francija-zname-610x400-21547-585x384-1

Јавниот долг на Франција продолжува да расте и се очекува во 2026 година да достигне 119,3 отсто од бруто домашниот производ, а во 2027 година да се искачи на 121,7 отсто, соопшти француското Министерство за економија и финансии.

— реклама —

Според податоците на Националниот институт за статистика и економски студии, тоа би биле највисоките нивоа на јавен долг во Франција од 1995 година. Во првиот квартал од 2026 година, долгот изнесувал 117,5 отсто од БДП, односно 3.536,1 милијарди евра.

— реклама —

Од Министерството оценуваат дека растот на долгот е директна последица на постојано високиот буџетски дефицит, кој за 2026 година се очекува да изнесува 5,4 отсто од БДП, наместо претходно планираните 5 проценти.

Франција во моментов има највисок јавен долг во еврозоната по Грција и Италија. Дополнителен притисок создаваат повисоките каматни стапки, при што Франција моментално се задолжува по стапка од 4,56 отсто, што е за еден процентен поен повеќе од Германија.

— реклама —

Францускиот премиер Себастијан Лекорни најави план за заштеда од 54 милијарди евра во буџетот за 2027 година. Без мерките за заштеда, според проценките на Владата, јавниот дефицит би можел да достигне речиси 6,5 отсто од БДП.

— реклама —

Нацрт-буџетите за 2027 година треба да бидат претставени пред Советот на министри на 1 октомври, по што ќе следи нивно разгледување во францускиот парламент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq6cuukg08r04b9uIbnX

Контејнери пред училиштата и факултетите: Продолжуваат протестите во Франција, полицијата ги засилува контролите

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-librarykvfcfma73hecd55kTgK

(Видео) Демонстрантите во Франција ја распарчија „главата“ на Макрон – се разлетаа конфети и лажни банкноти

Свет | пред 1 ден

media-library8rc112e7sd9bc5UPpff

(Видео) Полицаец се запали среде протести во Франција: Демонстрант го нападна со молотов коктел

Свет | пред 1 ден

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Париз се подготвува за нови протести: Забранети маршеви низ центарот, распоредени 70.000 полицајци, воведен полициски час

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања