Промени тема
Контакт

Јавниот превоз и Жичницата ќе сообраќаат по неделен возен ред за Велигден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
jsp-avtobus

По повод верскиот празник Велигден, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред во продолжениот викенд, од петок, 10 април, до понеделник, 13 април 2026 година.

— реклама —

„Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат според посебен распоред.

Во сабота, 11 април, билетарниците што работат во една смена ќе бидат отворени од 08:00 до 13:00 часот, додека оние што работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.

— реклама —

Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата и центарот во Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.

— реклама —

Понеделник, 13 април, сите билетарници и центри ќе бидат затворени.

Жичницата ќе работи со редовно работно време од 10:00 до 18:00 часот во петок, сабота и недела, додека во понеделник нема да работи, вообичаено како секој понеделник. Потоа, се потсетува дека секој последен вторник во месецот, Жичницата исто така е неработен ден.

— реклама —

Корисниците на јавниот превоз и посетителите на Жичницата се советуваат да ги следат овие промени за време на празничниот викенд“, информираат од ЈСП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library14tnrm2avddjacSRZzR

Бесплатен јавен превоз во сабота во Скопје за „Бела ноќ 2026“

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library3pkqi1pbrok5cdJUwQ5

Автобусот 35 повторно на улиците: Радишани–Ново Лисиче со директна линија

Скопје | пред 3 дена

jsp-avtobus

Студентите во Скопје добиваат дигитална картичка за бесплатен јавен превоз

Скопје | пред 1 седмица

jsp-avtobus

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања