„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Јавното обвинителство по несреќата прибира податоци за инвеститорот и изведувачот на работите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
chair-zaginati

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид на лице место во општина Чаир каде напладне две лица починаа при вршење ископ.

— реклама —

Несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација. Четири лица, татко, двајца синови и близок роднина, копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките. Во моментот кога во ископот се симнале три лица, се срушил дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место. Третото лице, нивен роднина кој бил со нив во ровот бил делумно затрупан и се здобил со телесни повреди.

Во насока на расчистување на настанот и утврдување на причинско последичните поврзаност за несреќата и смртта на двајцата браќа, јавниот обвинител издаде Наредба за прибирање на податоци во врска со постоењето на градежна дозвола за вршење ископ, во однос на инвеститорот , како и изведувачот на работите. Издадена е и Наредба за вршење на обдукција на телата на починатите. На лице место беа повикани и службени лица од Државниот инспекторат за труд.

— реклама —

Дејствијата кои се преземаат од Основното јавно обвинителство Скопје ќе продолжат во континуитет се до целосно расчистување на кривично правниот настан.​

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања