Актерката Јелена Јованова на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.
”Се надевам дека сега си на подобро место. Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…
Толку многу даде, а уште колку многу остана.
Тешко и за неверување маме. Ти благодарам за СЕ! Почивај во мир Билјана Беличанец.”, стои во објавата на Фејсбук.