Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари“, вели Петрушевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryf62ut87rkerm2VuWxOW

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска повика Јавното обвинителство да ги истражи наводите дека поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, требало да добие 10 проценти од вредноста на тендер од 18 милиони денари.

— реклама —

На прес-конференција, Петрушевски изјави дека поткупот од 2.000 евра, за кој се говори во случајот, претставува само дел од поширока афера поврзана со тендерот за кој се води постапка.

— реклама —

Според него, информациите со кои располага партијата, а кои наводно потекнуваат од свиркачи, укажуваат дека тендерот бил договаран преку комуникација меѓу Богоев и лице познато како Џемо.

Петрушевски побара Обвинителството да утврди дали се точни информациите дека Богоев требало да добие 10 проценти од вредноста на тендерот, што би изнесувало околу 1,8 милиони денари.

— реклама —

Во своето обраќање, тој упати критики и кон СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги дека не се дистанцираат од, како што рече, криминалните афери поврзани со членови на партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека случајот треба целосно да се истражи и да се утврди евентуална кривична одговорност за сите инволвирани лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3g6bfke86mnlbQMofIq

Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryei4gn0dijrj721M36ED

(Видео) Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Македонија | пред 6 дена

media-libraryu6ulb9uva4h010xVPmW

(Видео) „Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума“, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 седмица

media-library5n8jijhfe2hl5DsJg21

(Видео) „Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка“, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања