Промени тема
Контакт

ЈО да отвори предмет за МВР за тендерите од милион евра, бара опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stoilkovski04012021

„Институциите за справување со корупцијата молчат пред скандалот во МВР, откако стана јасно дека мала фирма за камионски транспорт добива тендери од еден милион евра, и тоа тендери не за транспорт туку за водоинсталатерски работи и набавка на соларни панели“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

— реклама —

„Уште повеќе молкот од ДКСК и молкот од ЈО доаѓа откако стана јасно дека овие два тендери доделени на неспецијализирана фирма, ДООЕЛ на еден човек, биле спроведувани во предизборен период.

Не е до перцепцијата, Македонија тоне во криминал, тоне во корупција заради молк на институциите што треба да се борат со криминалот и корупцијата. Внимавајте МВР, дава милион евра тендер за сончеви колектори и водоинсталатерски работи на, народски кажано, „трговец поединец“ мала фирма за камионски транспорт? И тоа за ДКСК и за ЈО не е тема за отворање на предмет? Уште повеќе што постојат индиции дека таа фирма на еден човек, и до сега има тендерски скандали во јавноста, а поврзани со СДСМ и нивните градоначалници.

— реклама —

Уште еднаш ова се документите, ова се договорите, двата договори вредни еден милион евра за сончеви панели и водоинсталатерски работи, ова се податоци од централен регистар и УЈП. ЈО не смее повеќе да молчи и да дозволува да царува криминалот и корупцијата со злоупотреби на институциите за државна репресија, институција како министерството за внатрешни работи. Документите се јавно достапни, ЈО мора да отвори предмет за МВР, за двата тендери вредни еден милион евра.

— реклама —

Ја втурнаа Македонија во тешка економска и енергетска криза, единствено што се работи е криминал и корупција на високо ниво! Ова е неиздржлива состојба и затоа веднаш се потребни брзи предвремени избори!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања