Дивоградбите од Скопје си стасаа и во Охрид. А, што мислевте, мафијашите ќе се задоволат со Скопје !?
И нема да ги урнат. Ќе урнат една-две во Охрид ради медиумска ,,естетика" и - толку.
Ако. Док народот молчи, ќе си врват бизниси, пишува новинарката Јорданка Ивановска – Јоци во својот статус на Фејсбук.
"Знаете зошто ?
Бидејќи речиси сите медиумски газди и гл.уредници, наназад 20 години се ,,шајки" со секоја власт.
Стопирани текстови, сечено-лепено, ,,ај, заборави..оди прошетај на кафе...одмори..доста беше", е тоа е секојдневен декор по редакции.
Охооо, колку имам да раскажувам.
Агрон Буџаку, своевремено, ме заклучи во канцеларија со Аларова, за да му ги кажам имињата на ,,изворите" кои ме брифираат.
Не му ги кажав. Имаше и текст во весник за тоа.
Али некогаш ќе ги раскажам уредниците кои придонесоа за експанзија на бизнисот со дивоградби.
Сеа се уште фини со мене, глумат финоќа, мислат не памтам, па се' прават за да не ме потсетуваат колку се расипани", стои во објавата на Фејсбук.