Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Јоци до Владата: Поим немате што ќе ви приреди народов кој е бесен и гневен!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
joci-111

Она што не го разбира Заев кога зборува за одговорност, додека умираат по 50 луѓе на ден, а притоа е облечен во руба од 5.000 евра на прес е - дека има луѓе кои здравје изгубија во лавиринтите на нашево ,,здравство" додека беа вработени во него, полнеа цел живот здравствен буџет, а кога остареа - умреа чекајќи тој ИСТ СИСТЕМ да им врати и да ги испочитува барем малку без да мораме да молиме, да вртиме телефони и да се дереме, да фрламе атомски бомби - за она ШТО СЛЕДУВА СЕКОМУ, напиша ан својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

— реклама —

Јоци во објавата додава:

Тоа го чекаше мојата покојна мајка, која 35 години беше стоматолошка сестра, доби пет дијагнози само од работа на нога, а верувам и татко му на Влатко Ѓорчев бил на исто мислење, а дочека - кома!

— реклама —

Мајка ми до крај беше уверена дека овој СИСТЕМ И` ДОЛЖИ и не сакаше да се лекува по приватни установи, а јас морав секојпат да се р'вам по ходници со секакви стоки од луѓе! Просто да газам сè пред мене!

Нашите родители, а и на многу други, кои се и беа делчиња од здравствениот систем, за подобра Македонија и подобар здравствен систем, добија едно големо НИШТО!

Еве, нека ми каже некој од ,,заевата свита" која лебди во облаци - како човек да вклучи вести и да ве слуша без да го фрли телевизорот од тераса?

Ниту нешто разбирате во овие траорни моменти за многу семејства, ниту ќе разберете.

И тука не станува збор само за вирусот! Напротив за секакви болни луѓе кои не добиваат навремена здравствена нега токму поради таа окупација на клиниките со пандемијата!

Поим немате што ќе ви приреди народов кој е бесен и гневен!

извор: ФБ Јорданка Ивановска Јоци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања