Плоштадот Македонија, за кој се фрлија милиони евра, шокантно, но никој не го оддржува. Петре Шилегов не знам во кој филм е - но, за него епицентарот на метрополата изгледа не постои.
Искршен, валкан, опскурно место каде се чувствува мирис на урина, ѓубре, негрижа и некоја лична одмазда кон вмровци кои имено го градеа. Неговиот личен анимозитет кон вмровци се гледа на секој чекор, пропаѓа цела инвестиција која ја плативме сите ние, од наши пари, напиша на својот Фб профил новинрката Јорданка Ивановска Јоци.

Јоци во објавата додава:
Плоштадот е опкружен со мали депонии, на кејот клупите се искршени, а скулптурите оштетени со графити.
Водоскоците не работат, не знам ни дали механизмот работи откако му пропадна метларка. Некои од дрвјата се исушени.
Кога чекорите, морничава тишина ја пара ноќта, имате чувство како да станува збор за зомбиленд.
Повеќе за овој дел од градот, вечер.