Јоци за Арсовска: Она има рејтинг - растурен компир, со сила и градат некој карикатурален имиџ на ,,Лара Крофт против мафијата"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
danela.arsovska-1200x1200

Деновиве во медиумите беше објавена ифнормација дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска можно е да формира своја политичка партија.

— реклама —

Наводно,идејата постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.

— реклама —

Јоци вели дека оваа информација била објавена уште лани од нејзина страна, но и дека Арсовска нема поим од избори.

— реклама —

„Ова вчерашно инфо за формирање партија јас го објавив уште лани, а таа одговори на тв дека - сé е во игра.

ℹ️ Она нема поим од избори, подем на партии, кампањи, рејтинзи, психологија на маса и мисли дека ќе одземе вмровски гласови и ќе направи штета на опозицијата и на Мицкоски, кој и` е ноќна мора и фиксација.

Секако, тоа нема врска со реалноста, бидејќи она има рејтинг - растурен компир.

Башка никој не и` објаснил што значи Донтонов модел и како се делат пратенички места.

Опкружена е со луѓе кои си викаат меѓу себе ,,ој војводо, ој сердаре" и така некако се во филм дека се прејаки и дека ќе рушат ,,систем со дигалка". (цитат: Тетовирање)

Таргет на таа мала групичка се Ѓорче и Карпош, тамошните гласови и гласачко тело.

Но, парламентарни избори се пекол во споредба со локални. И веќе се знае победникот.

Гласачите, особено на десницата не се премислуваат толку лесно, не се ,,рашетуваат" по помали партии и крваво се тепаат за своите.

И она најинтересното, на уста се многу јаки и на оговарање док партијата им е во опозиција, па дрндаат како ,,нивните" за ништо не ги бива, но на крај пак гласаат за своите. Затоа и имено рејтингот на ВМРО е 20 отсто, за половина повеќе од СДСМ, а јас сметам дека е уште помал на Бихаќка од нотираниот.

Ај, ќе научи женичкава.

Навивам да формира партија и сама да си се качи и да се шета на криво магаре.

П.С: Иначе пресмешно е како со сила и` градат некој карикатурален имиџ на ,,Лара Крофт против мафијата", али ај за тоа другпат“, вели Јоци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања