Јоци за Гоџо и караницата: Ќе ја уапси некој за неовластено снимање?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
joci-111

Потегот на Гордана Гоџо, која не сакаше да ја пушти својата ќерка на настава со маска и се скара со вработените во училиште, наиде на многу коментари и критики. Еден од нив доаѓа од Јорданка Ивановска-Јоци, новинарка и критичар на случувањата во Македонија.

— реклама —

„Ја уапси некој оваа невестава за неовластено снимање на наставници и пуштање во промет на видео и тонски запис без согласност од други, кое е кривично дело? Или Оливер Спасовски ја заштитува и оваа - чија снимка осамна на профили финансирани од странски разузнавачки структури кои работат на создавање хаос во земјава со дестабилизација? Има некој да го праша Спасовски што точно прави во влада и дали работи за интересите на Македонија?“, напиша Јоци.

— реклама —

— реклама —
Screenshot-2021-12-11-at-09.29.22

(ВИДЕО) Драма пред скопско училиште: Мајка се расправа за детето да влезе без маска и се кара со вработени, додека тоа плаче

Жестока караница избила пред скопско помеѓу мајка на ученичка и наставен кадар. Причината била барањето на мајката, нејзината ќерка да не носи маска. Родителот е Гордана Гоџо, активистката која ги предводеше протестите против мерките за спречување на коронавирусот.Мајката посочува: „Јас сум загрижен родител“, а секретарот на училиштето и враќа: „И јас сум загрижен за моето здравје“, а таа го убедува: „Немаш доказ дека Лена (ќерка ѝ) може да те зарази“.Целата караница трае 19 минути, а во моментот кога доаѓа директорката на училиштето ѝ посочува на ученичката да не плаче.„Протоколите мора да се почитуваат“, посочи директорката, а мајката врати: „Децата не треба да носат маски“.По ова родителката почна да вика: „Од што ве штити маската?“.Инаку, Гордана Гоџо е позната по протестот кој се одржа против корона мерките, а на кој, присутните извикуваа „убијци, убијци“ додека таа говореше. 

Македонија | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања