Скопје1 побара одговори од ЈОРСМ дали по барање на државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој претходно беше обвинител во тоа обвинителство бил следен Христијан Мицкоски, дали е запознаен со конкретниот случај како засегнат обвинител и дали со предметот кој го обелодени премиерот дека како опозиционер бил следен, ќе биде опфатен и обвинителот кој предложил вакви мерки до Врховен суд, од Службата за односи со јавност на ЈОРСМ го добивме следниот одговор:
„Во периодот за кој се однесуваат наводите на Претседателот на Владата на РСМ, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се уште не бил избран за јавен обвинител во републичкото обвинителство ниту раководел со Одделението во ЈОРСМ за мета-податоци и следење на комуникациите. Од неговото назначување за раководител на ова одделение кон средината на 2023 година, обвинителот Коцевски оваа одговорна задача ја извршува во согласност со Уставот, законите и со максимално почитување на човековите слободи и права“, велат од Обвинителство.
Дали токму Коцевски е обвинителот кој барал следење на Мицкоски?
Несекојдневно е однесувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски изминатиот период, додека Владата упатува жестоки критики на сметка на Обвинителството. Последен пример за тоа е вчерашното негово однесување, кога тој застана зад Христијан Мицкоски, додека премиерот даваше изјава за медиумите.На социјалните мрежи, Коцевски беше наречен и „учениче“, а однесувањето „обид да му се допадне на премиерот“. Сепак, ставот на Мицкоски за правосудниот систем останува ист. Дотолку повеќе што вчера, премие
Македонија | пред 1 година