Пејачката Тања Савиќ го напуштила снимањето на мисијата „Ami G Show“ поради Јована Јеремиќ, а потоа за „Блиц“ изјави дека не се кае за својата постапка и дека се спасила со заминувањето.
По нејзината изјава се огласи и Јована Јеремиќ, која не и остана должна на Савиќ.
- Па, таа се спаси и себеси и нас од нејзините глупости. Тоа е најгледаната емисија оваа сезона на „Амиџи шоу“. Тања не е личност што влече шерови. Шеровите се поради Нестор, Ивица и јас. Тања беше таму чисто за да го пополни просторот. Таа самоиницијативно си замина и видовте како реагираше Огњен, како некој сосема небитен да го напушти студиото. Значи, тоа не е пресудно за шоуто, затоа продолживме како ништо да не се случило - истакна Јеремиќ.