„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јованов за изјавата на Тренчевска: Пари има, ама наместо на народот, им служите на странците и многу крадете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
unnamed-45-730x383-1

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска врска со протестот на пензионерите истакна дека Министерството е отворено е дека секој граѓанин може да се обрати и достави барања до него, како што беше и средбата денеска со претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија во просториите на Министерството.

— реклама —

Во врска со линеарното зголемување од 3500 денари на сите пензионери што претставува 220 милиони евра годишно, министерката посочи дека ваквото зголемување ќе ја стави под прашање стабилноста на фондот.

Во врска со оваа изјава на министерката, на социјалните мрежи се огласи професорката Тамара Јованов,

— реклама —

„Барањата на пензионерите ќе чинеле 220 милиони евра годишно.

Нека каже Владата колку милиони годишно чини членството во НАТО?!

Наговестување: приближно исто.

Пензионерите се генерација која не' школуваше, лекуваше, ги чистеше градовите, ги одржуваше компаниите, произведуваше вредност и хранеше идни генерации, за да денес не' има тие што сме.

НАТО, освен што не' раскара со незападниот свет, ни наплаќа членство и ни продава старо оружје за стотици милиони евра годишно за потоа да го донираме во туѓи војни, ни бара наши војници за профитерски војни по светот, бесправно напаѓа држави од наша територија, си ќути за внатрешниот сепаратизам кој ни се случува и отсекогаш ни е најголемата опасност, додека соседите повторно не' угнетуваат и крадат идентитет и историја, само овојпат не со оружје, туку со административни европски процедури, со амин од Европа и НАТО...

што арно ни донесе, за тие стотици милиони евра годишно?

Пари има, ама наместо на народот, им служите на странците и многу крадете“, вели Јованов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања