„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта
Потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска порача дека рудник во Иловица – Штука нема да има и предупреди дека власта ќе се соочи со отпор од граѓаните доколку продолжи со плановите за отворање рудници во струмичкиот регион.Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, Тренчевска ја обвини власта дека повторно ги отвора прашањата за рударските проекти Иловица – Штука и Казандол, и покрај долгогодишното противење на локалното население и еколошките здруженија.
Македонија | пред 1 седмица