Промени тема
Контакт

Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryrhnl1ug5d5radqH5vac

Од СДСМ во соопштение обвинуваат дека премиерот Христијан Мицкоски го променил ставот во однос на техничката влада, иако, како што велат, додека бил во опозиција инсистирал таа да постои сè до влезот на државата во Европската Унија.

Тренчевска на прес-конференцијата изјави дека тогашното барање било вградено во законско решение како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Таа тврди дека сега, кога е на власт, Мицкоски настојува да ја укине оваа обврска без поширок политички консензус и по скратена постапка во Собранието.

— реклама —

Од партијата во соопштението наведуваат дека наместо почитување на договорените механизми, власта презема чекори со кои, според нив, се концентрира моќта во институциите. Во таа насока, посочуваат на, како што велат, партизација на институции, влијание врз медиумите и законски измени кои овозможуваат политички влијанија во безбедносниот сектор.

Тренчевска на прес-конференцијата оцени дека техничката влада претставува важен механизам за обезбедување минимални услови за фер и демократски избори и дека не станува збор за привилегија на опозицијата, туку за законска обврска.

— реклама —

Таа упати повик да не се менуваат законските одредби и да се задржи постојниот модел, предупредувајќи дека, доколку измените бидат изгласани, СДСМ ќе се повлече од работата на Изборниот законик.

— реклама —

Од партијата додаваат дека, според нив, укинувањето на техничката влада би значело загрозување на демократските процеси во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3d2fu58p4kfe50w8GWz

Тренчевска до Хоџа: Македонија не е на распродажба – како дадовте согласност за пет рудници без да се знае нивното влијание врз животната средина?

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

„Дизелот над 100 денари – нов удар врз стандардот, а Мицкоски не презема ништо“, вели Тренчевска

Македонија | пред 4 седмици

media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

(Видео) Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа храна

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryut6qbipjj59qe3VkgtU

Тренчевска: СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања