Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Тренчевска: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб - СДСМ бара кривична одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Македонија
media-libraryk59bujaepa88dydwVtJ

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, обвини дека 51 милион евра од придонесите на граѓаните не биле префрлени во вториот пензиски столб заклучно со 31 октомври, со што, според неа, биле доведени во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани.

— реклама —

На прес-конференција таа посочи дека станува збор за средства што секој месец се издвојуваат од платите на работниците со цел да им обезбедат сигурна пензија по завршувањето на работниот век.

— реклама —

Тренчевска ја обвини власта предводена од Христијан Мицкоски дека ја довела финансиската состојба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до сериозна неодржливост, наведувајќи дека дефицитот достигнал една милијарда евра. Според неа, по проблемите во првиот пензиски столб, сега се загрозени и средствата во вториот.

Таа нагласи дека префрлањето на придонесите во вториот пензиски столб не е дискреционо право на директорот на Фондот, туку законска обврска што треба да се исполни во рок од пет дена.

— реклама —

СДСМ бара Јавното обвинителство да реагира и да утврди одговорност, како и средствата веднаш да бидат префрлени. Тренчевска порача дека пензиите не смеат да зависат од политичката волја на која било власт и дека за случајот мора да има одговорност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg57p0tol0pmsfrKgExY

(Видео) Тренчевска: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите- поголеми придонеси не се решeние

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library3d2fu58p4kfe50w8GWz

Тренчевска до Хоџа: Македонија не е на распродажба – како дадовте согласност за пет рудници без да се знае нивното влијание врз животната средина?

Македонија | пред 1 месец

media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

„Дизелот над 100 денари – нов удар врз стандардот, а Мицкоски не презема ништо“, вели Тренчевска

Македонија | пред 2 месеци

media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

(Видео) Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа храна

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања