Промени тема
Контакт

Тренчевска ја претстави програмата „Твоја држава, твоја шанса“: Мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција порача дека граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард, додека Владата, според неа, не нуди соодветни мерки за справување со економската криза.

Претставувајќи дел од програмата „Твоја држава, твоја шанса“, Тренчевска истакна дека СДСМ предлага автоматско усогласување на минималната плата со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата, со цел растот на цените да биде проследен со раст на примањата.

— реклама —

Таа посочи дека партијата се залага и за принцип според кој повисокиот профит на компаниите треба да значи и повисоки плати за работниците, како и за државна поддршка за фирмите што ќе ги зголемуваат платите преку намалување на данокот на добивка или субвенционирање на придонесите.

Во однос на пензионерите, Тренчевска најави дека СДСМ предвидува зголемување на пензиите до 50 проценти во текот на еден мандат, со цел обезбедување достоинствен живот за повозрасните граѓани.

— реклама —

Меѓу предложените мерки се и признавање на студентскиот стаж, поголема заштита на хонорарците и сезонските работници, воведување дигитален пасош за работникот, како и додаток за домување и покривање на трошоците за градинка за самохраните родители.

— реклама —

„Достоинствениот живот не е привилегија. Тој е право“, порача Тренчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3d2fu58p4kfe50w8GWz

Тренчевска до Хоџа: Македонија не е на распродажба – како дадовте согласност за пет рудници без да се знае нивното влијание врз животната средина?

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

„Дизелот над 100 денари – нов удар врз стандардот, а Мицкоски не презема ништо“, вели Тренчевска

Македонија | пред 4 седмици

media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

(Видео) Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа храна

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryut6qbipjj59qe3VkgtU

Тренчевска: СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања