Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Се потврди - намерата на ВМРО никогаш не беа реформите и подобрувањето на Изборниот законик, туку изборен грабеж“, вели Тренчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryq8evm1424mm40mTroe4

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција обвини дека власта немала искрена намера да спроведе реформи на Изборниот законик, туку, како што рече, целта била „изборен грабеж и манипулација со гласовите на дијаспората“.

— реклама —

„Се потврди дека намерата на власта не беше ниту за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, туку само за изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората“, изјави Тренчевска.

Таа оцени дека ВМРО-ДПМНЕ нема политички капацитет за консензус и дека не покажува искрена намера за политички дијалог.

— реклама —

„Нема што СДСМ да се договара со опозицијата. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски, кој сака да манипулира со 200 илјади гласови“, рече Тренчевска.

— реклама —

Таа праша што се случило со тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека веќе има договор со Левица и ДУИ во врска со измените на Изборниот законик, додавајќи дека, според неа, власта ја манипулира јавноста.

Според Тренчевска, електронското гласање и гласањето по пошта биле предлози кои, како што тврди, требало да овозможат изборен инженеринг.

— реклама —

Таа нагласи дека предложените измени би се применувале дури од изборите во 2029 година, што, според неа, остава доволно време за изработка на сигурен и кредибилен модел преку широка јавна дебата и политички консензус.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg57p0tol0pmsfrKgExY

(Видео) Тренчевска: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите- поголеми придонеси не се решeние

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library3d2fu58p4kfe50w8GWz

Тренчевска до Хоџа: Македонија не е на распродажба – како дадовте согласност за пет рудници без да се знае нивното влијание врз животната средина?

Македонија | пред 1 месец

media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

„Дизелот над 100 денари – нов удар врз стандардот, а Мицкоски не презема ништо“, вели Тренчевска

Македонија | пред 2 месеци

media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

(Видео) Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа храна

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања