Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Тренчевска: Пратениците да гласаат за 600 евра минималец, трудот на работникот мора да се вреднува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Воведувањето и зголемувањето на минималната плата е една од клучните економско-социјални политики насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните и секоја влада која сака да го заштити стандардот на работниците треба да ја зголеми минималната плата согласно инфлацијата и куповната моќ на граѓаните, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната собраниска Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, на која на невен ред е Предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, поднесен од пратенчката група на СДСМ и коалицијата.

— реклама —

Во образложувањето на предлог-измените, Тренчевска ги повика сите пратеници да го поддржат зголемувањето на минималната плата на 600 евра,  за да се почитува трудот на работниците и да се овозможи секое семејство кое живее со минимална плата да има достоинсвен живот.

— реклама —

Тренчевска посочи дека барањето за 600 евра минимална плата е оправдано. Инфлацијата и трошоците за живот континуирано растат, а мерките кои што владата ги презема не дадоа никаков ефект.

— реклама —

„Имаме годишна инфлација од 4,1%, а кај храната таа инфлација е многу повисока, односно над 5%. Оваа инфлација многу повеќе ја чувствуваат оние граѓани и работници кои имаат ниски примања. Сите оние мерки кои божем ги преземаше владата за да се органичи растот на цените не дадоа никаков ефект. Куповната моќ на граѓаните од месец во месец, од ден во ден, сè повеќе паѓа. Во февруари годинава, само за еден месец синдикалната кошничка се зголемила за околу илјада денари, а во однос на февруари 2025 година, таа се зголемила за 3.609 денари, а во споредба со 2022 година за повеќе од 30.000 денари. Денес ни требаат скоро три минимална плати за да може да се исполни она што е предвидено како основни производи за живот во синдикалната кошничка“, рече Тренчевска.

— реклама —

Во образложението Тренчевска нагласи дека ја улогата на владата во Економско-социјалниот совет како трипартитно тело не треба да се сведе на посредник.

„Таа секогаш треба да биде во заштита на работникот, а не да смета дека е само посредник или модератор на Економско-социјалниот совет. Напротив, Владата е дел од советот, партнер и учесник којшто директно преговара и соработува и со работниците и со работодавачите, а не ги остава работодавачите сами да одлучуваат дали им одговара да се покачи минималната плата на барање на работниците, затоа што тоа никогаш нема да го видиме“, рече Тренчевска.

Таа потсети дека во 2022 и 2023 година, кога се зголеми минималната плата, владата на СДСМ не ја префрли целата тежина врз работодавачите, ги субвенционираше придонесите, за компаниите да ги зголемат платите а истовремено да не им се наруши ликвидноста.

 „Преку субвенционирање на придонесите се обезбеди поддршка за околу 130 илјади граѓани кои зимаа повисоки плати во компаниите. А за сите оние кои беа на минимална плата, Владата обезбеди поддршка на разликата помеѓу претходната минимална плата и онаам минимална плата што беше утврдена во 2022–2023 година. Тоа значи дека компаниите не беа оставени сами на себе, туку и тука се гледа улогата на Владата, да може да ги поддржи и барањата на работниците, но и барањата на работодавачите“, рече Тренчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhnl1ug5d5radqH5vac

Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg8kq3540ska70a6Ygqs

Тренчевска за новиот обвинител: Савевски да ги ревидира криминалните тендери на ВМРО!

Македонија | пред 2 месеци

media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

Тренчевска: Шест месеци ништо не преземавте за превозниците – кој ќе одговара за штетата што ја трпат?

Македонија | пред 3 месеци

media-library4mhf0ap6p4g54ArdkrA

Тренчевска до Дурмиши: Пола Влада се шетала со владиниот авион, малтене како јавен превоз сте го користеле

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања