Промени тема
Контакт

Тренчевска до ВМРО-ДПМНЕ: Колку забегавте, ви треба прослава додека доцни социјалната помош?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
Trencevska

Пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, остро ја критикуваше најавата за прослава на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот во Струмица.

Во објава на социјалните мрежи, таа праша дали прославата ќе се организира со пари на граѓаните и оцени дека власта има погрешни приоритети во период кога, според неа, граѓаните се соочуваат со економски проблеми.

— реклама —

„Колку забегавте! На стадионот во Струмица ВМРО-ОКГ ќе слави роденден! Со парите на народот?“, напиша Тренчевска.

Таа ја обвини Владата дека наместо да презема мерки за подобрување на животниот стандард, организира прослави.

— реклама —

„Ви треба прослава во време на криза и ниту една мерка за да подобрите животен стандард на граѓаните? Ви треба прослава, а доцните со исплата на социјалната помош?“, праша Тренчевска.

Во објавата таа посочи и дека државата продолжува да се задолжува.

„Ви треба прослава, а секој ден се задолжувате, односно го задолжувате народот?“, наведува пратеничката на СДСМ.

— реклама —

Тренчевска порачува дека, според неа, власта ќе ја задоволи сопствената суета, но дека конечната оценка ќе ја дадат граѓаните.

„Суетата ќе си ја задоволите, ама народот ќе ви пресуди“, порача Тренчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg57p0tol0pmsfrKgExY

(Видео) Тренчевска: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите- поголеми придонеси не се решeние

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3d2fu58p4kfe50w8GWz

Тренчевска до Хоџа: Македонија не е на распродажба – како дадовте согласност за пет рудници без да се знае нивното влијание врз животната средина?

Македонија | пред 3 седмици

media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

„Дизелот над 100 денари – нов удар врз стандардот, а Мицкоски не презема ништо“, вели Тренчевска

Македонија | пред 1 месец

media-library3d0ta6ksbjeeb62HSYI

(Видео) Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа храна

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања