Промени тема
Контакт

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarykkktejgv0nsr6qfJyxi

СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра, вели Јована Тренчевска - потпретседателка на СДСМ.

„Преку ребаланс на буџетот,  само со рационално кратење на трошоците од луксузот на власта може целосно се обезбедат до 200 милиони евра за:

 -зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците.

— реклама —

 -поддршка на компаниите и приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите.

 ВМРО да не ги плаши приватните компании и работодавачите.

 Решението на СДСМ значи поддршка на двете страни, и на работниците и на работодавачите односно компаниите во приватниот сектор.

 Пари во буџетот има, прашањето е на приоритети.

— реклама —

 Само за зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари односно 120 милиони евра.

 Со кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, возила, мебел, патувања, репрезентации, договорни услуги, комфор на функционерите, се обезбедуваат 130 милиони евра.

 Со кратење на делот „разни трансфери“, од хонорари, времени вработувања се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.

— реклама —

 Значи само со кратење само во овие категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра.

 Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите.

 На овој начин компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.

 Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците.

 Не држат изговорите на владата дека ако се покачи минималната плата ќе се загрози економијата или работата на компаниите.

 СДСМ во својот мандат ја зголеми минималната плата  од 8.000 на 22.000 денари па не се затворија работни места, не се загрози економијата. Напротив, со повеќе пари кај граѓаните и поддршка на компаниите се зголемува потрошувачка и расте домашното производство.

 Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи“, додава Тренчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Мицкоски најавува дека струјата нема да поскапи, но не ја исклучува можноста за повисоки сметки од јануари

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

„Арамијата е готов, Мицкоски нема пари во буџетот - моли за алиби за избори“, велат од СДСМ

Македонија | пред 10 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!

Македонија | пред 1 ден

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Каква лага, не може Милошоски да каже дека Урсула фон дер Лајен лаже

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања