Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Јовановски повикува граѓаните да ги пријават штетите од поплавите во Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryms1oiedj0j4mdX7D9Lc

Градоначалникот на општина Кичево, Д-р Александар Јовановски ги повика сите граѓани кои претрпеле штета на објекти, предмети или добра во домаќинствата и деловните субјекти да ја пријават штетата.

— реклама —

„Во периодот на поплавите што ја зафатија територијата на град Кичево на 14-ти и 15-ти февруари 2026 година, брзата поддршка и солидарноста се од клучно значење за помош на погодените граѓани.

За подобрување на условите и обезбедување на подостоинствено сместување на лицата привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“, Општина Кичево, во координација со Генералштабот на АРМ и касарната „Чеде Филиповски-Даме“, овозможи мобилна бања за туширање. Ова вклучува две цистерни, мобилна бања со пресоблекувална и техничко возило со бојлери за обезбедување топла вода.

— реклама —

Општина Кичево изразува искрена благодарност до Генералштабот на АРМ за брзата и несебична помош, која значително го олеснува справувањето со последиците од поплавата.

Исто така, Општина Кичево ги повикува сите граѓани и правни лица кои претрпеле штета на објекти, предмети или добра во домаќинствата и деловните субјекти да ја пријават штетата. Барањата и сите потребни информации за пријавување на штета може да се подигнат во Архивата на Општина Кичево или да се преземат од веб-страницата“, вели Јовановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoj3eosl9l6kcelO07AK

Општина Кичево: Поплавите се последица на неодговорно фрлање шут во речното корито

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Водата во Кичево е повторно безбедна за пиење

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu4q9kdoalc6i6U5RLst

АРМ обезбеди мобилна бања за лицата погодени од поплавите во Кичево

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања