Јавниот обвинител во интервју за Радио Слободна Европа објаснува дека семејствата на загинатите патници можат да поднесат жалба до бугарското обвинителство и да побараат да ги разгледаат списите во случајот „Беса транс“.
„Обвинителството неколку пати истакнуваше дека паралелно со овој предмет во Република Бугарија, отвори паралелна постапка и тука во Република Македонија. Во оваа постапка издадени се повеќе наредби од страна на јавниот обвинител кој постапува по предметот и тоа до Министерството за внатрешни работи, до Царинската управа, потоа до Управата за јавни приходи, до Централниот регистер, Бирото за вработување, со намера целосно да го согледа работењето на фирмата којашто го организирала оваа патување и го вршела превозот, а особено во делот како автобусот ги поминувал границите на Република Македонија и границите на соседните земји во делот на техничката исправност на овој автобус и неговата регистрација и лиценци и други околности кои се од значење за донесување на јавно-обвинителска одлука.
Од сознанијата што јас ги имам сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу е достапен на Обвинителството и од страна на неговиот адвокат и од страна на обвинетиот изјавена е согласност дека тој сака да соработува со надлежните органи во делот на утврдување на причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа“, вели Јовески