Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЈП „Градски паркинг“ должи околу 33 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
parking-1

На денешната седница на Советот на Град Скопје, вршителот на должноста директор на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, ја образложи потребата од доделување субвенции на ова јавно претпријатие за надминување на потешкотиите во работењето.

— реклама —

- Станува збор за редовна пракса за давање субвенции за потешкотиите во работењето на „Градски паркинг“. Ова е досега најмал износ на субвенции кои ги дал Град Скопје за ова јавно претпријатие. Во 2018 година се доделени 15 милиони денари субвенции, во 2019 година, исто така, се доделени 15 милиони денари, во 2020 година се доделени 7,5 милиони денари, или вкупно во овие неколку години 37,5 милиони денари субвенции. Во пракса, овие субвенции во претпријатието се искористени за плаќање комунална такса кон Град Скопје, односно од примените средства за 2018 до 2020 година се платени околу 41 милион денари за комунална такса кон Град Скопје. Јас увидов дека претпријатието има повеќе проблеми, индиции за несовесно и незаконско работење. Има индиции за недостиг на средства - ненаплаќање на паркинг услугите од поединци со што претпријатието веруваме дека има губено големи средства, поради што во идниот период ќе работиме на детектирање и докажување на тие потенцијални неправилности – рече Христовски, од говорницата.

Тој изрази надеж дека во наредните години ова јавно претпријатие ќе нема потреба од субвенции.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања