Промени тема
Контакт

ЈП Исар од Штип е оставен со долгови од 300 милиони денари, тврди Јорданов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ivan-tv24-24012022

Државата тоне во економска, енергетска и здравствена криза, во земјава се живее потешко и затоа неопходни се промените час поскоро, вели градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за „Анализа“ на ТВ24, при што посочи дека таквите промени ќе се случат само со предвремени парламентарни избори и тоа без техничка влада која досега се покажа како нефункционална.

- Се покажа дека техничката влада е нефункционална и не испорачува резултати во тие 100 дена, затоа и треба да се укине. Ако народот одлучи да направи промена на власта, односно она што се случи на локалните избори ќе се случи и на предвремените парламентарни избори, рече Јорданов.

— реклама —

Јорданов по добивање на мандатот во Штип истакна дека општината ја начекал во финансиска криза во работењето на јавните претпријатија кои што се во рамките на локалната самоуправа, односно во време кога можело да се случува експанзија се случило задолжување и несервисирање на основните обврски од претходните раководства, потенцирајќи дека само во едно јавно претпријатие Исар долговите доспеале до 300 милиони денари.

— реклама —

- Енергетската криза во овој момент ни предизвикува дополнителни проблеми во функционирањето на локалната самоуправа. ЈП Исар дополнително бидејќи е ставен на краен корисник цената неколкукратно му се зголемува, и доколку во минатото се исплаќале 4 милиони, со новата цена се очекува 16 милиони денари, истакна Јорданов.

— реклама —

Тој додаде дека граѓаните од него очекуваат резултати и затоа со новиот буџет непродуктивните трошоци се на минимум, а се зголеми стапката за капитални инвестиции како обиколницата, проширување на неколку сообраќајници, водоводна линија за подобрување на водоснабдувањето, градинка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања