ЈП Улици и патишта: Kако што беше очекувано од суетата на Мицкоски, се продолжува да се прави криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
37ae0473-1782-4413-869c-a48c86691c93

Од ЈП Улици и патишта утрово испратија реакција по повод протестот на нивните вработени пред Град Скопје. Како што велат, вработените имаат земено плата, па нејасно е зошто синдикатот протестира.

— реклама —

„Поврзано со политички мотивираниот протест денес пред јавното претпријатие Улици и патишта Скопје и Град Скопје, како што и беше очекувано од суетата на Мицкоски, се продолжува да се прави криза по ред во сите јавни претпријатија, а денес му дојде редот на ЈП Улици и патишта Скопје“, велат од ЈП Улици и патишта Скопје.

— реклама —

„Мицкоски пред да продолжи да прави штета на скопските претпријатија и Градот Скопје, би требало да ги информира граѓаните дека вработените во ЈП Улици и патишта Скопје имаат земено плата па од таму нејасно е зошто синдикатот протестира.

— реклама —

Истовремено Мицкоски треба да ги информира дека за линеарно зголемување плата и К15, што се барања на синдикатот одлука носи Управниот одбор на претпријатието чии членови се избрани токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно само на претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, му е нејасно зошто е пред бараките на град Скопје, кога одлуките кои ги бара ги носат членовите на Управниот одбор на ЈП Улици и патишта Скопје избрани од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, треба да се изјасни зошто не се бори за правата на вработените во државното претпријатие Железници каде работи, на кои со месеци им се доцни со плата.

Зошто Марјан Ристески како синдикалец за вработените во државното претпријатие Железници каде работи, не протестира да бара линеарно зголемување плата, исплата на К15 и наградна плата и не протестира пред Железници. :)))

Јасна е целта на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, се додека насилно не ги превземат скопските јавни претпријатија, активно ќе ги напаѓаат секој ден со цел креирање нови кризи, па дури ќе организираат и протести за плата во претпријатија каде истата веќе е исплатена“, соопшти ЈП Улици и патишта Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања