Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Студентите во Скопје добиваат дигитална картичка за бесплатен јавен превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Скопје
jsp-avtobus

ЈСП Скопје започнува со воведување дигитална студентска превозна картичка за користење бесплатен јавен превоз, со поддршка од Град Скопје и во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

— реклама —

Новата картичка ќе се применува за студентите на државните универзитети во Скопје, вклучително и Универзитетот „Мајка Тереза“.

— реклама —

Студентите нема да треба да доставуваат хартиени потврди или да посетуваат билетари за заверка на студентскиот статус. Податоците за статусот ќе се разменуваат дигитално преку автоматска синхронизација меѓу ЈСП Скопје и универзитетите.

Упатствата за активирање студентите ќе ги добијат на своите електронски адреси, а дигиталната картичка ќе може да се активира и користи преку мобилната апликација SkopjeBus.

— реклама —

При најавувањето во апликацијата, потребно е да се користи истата електронска адреса со која студентот е регистриран на универзитетот.

Картичката ќе биде достапна во апликацијата со QR-код, кој ќе се користи за валидација при патување. Од ЈСП најавуваат дека студентите навремено ќе бидат информирани за начинот на активирање и користење на дигиталната картичка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library14tnrm2avddjacSRZzR

Бесплатен јавен превоз во сабота во Скопје за „Бела ноќ 2026“

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
media-library3pkqi1pbrok5cdJUwQ5

Автобусот 35 повторно на улиците: Радишани–Ново Лисиче со директна линија

Скопје | пред 3 седмици

jsp-avtobus

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје | пред 1 месец

media-libraryda4vmgc1bqtd8h7b7Nk

Од 1 септември ЈСП Скопје воведува зимски возен ред

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања