Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

K-POP спектаклот „K-POP FOREVER!“ пристигнува во Скопје во февруари 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Магазин
media-library2bu767j6uo4obJ7Hnys

Скопје следната година ќе стане дел од глобалниот бран што ја освои планетата – мултимедијалниот спектакл K-POP FOREVER! пристигнува на 28 февруари 2026 во арената „Борис Трајковски“. Македонската публика ќе има ексклузивна можност да присуствува на шоу што ја слави најголемата музичко-културна револуција на 21. век.

— реклама —

По успешните настапи во Даблин, Корк и Белфаст, каде што сите концерти беа распродадени уште во претпродажба, спектаклот продолжува со европска турнеја низ најголемите арени – а Скопје е меѓу избраните градови.

Шоуто претставува визуелно и музичко патување низ најиконичните моменти на корејската сцена. Публиката ќе ужива во live изведби инспирирани од хитовите на BTS, BLACKPINK, TWICE, MELOMANCE, како и од новите сензации HUNTR/X и SAJA BOYS, чија енергија веќе го освојува светот. Форматот е замислен како динамичен, инклузивен и семеен, наменет за сите генерации.

— реклама —

Создадено специјално за најголемите арени, шоуто вклучува ултра-високорезолуциски LED екрани, моќни визуелни и специјални ефекти, динамично осветлување и интернационален тим танчери кои ја доловуваат препознатливата естетика на корејските суперѕвезди.

— реклама —

K-POP FOREVER! е инспириран од филмскиот хит K-POP DEMON HUNTERS, кој за само три месеци собра над 250 милиони прегледи и стана најгледаниот Netflix филм досега. Саундтракот се искачи на врвот на Billboard 200 и веќе надмина 3,5 милијарди слушања на Spotify, а песната Golden доби номинација за Греми во категоријата „Song of the Year“.

Целата таа глобална енергија, визуелна моќ и музичка прецизност ќе биде преточена на скопската сцена, ветувајќи незаборавна вечер исполнета со звук, светлина, емоции и адреналин.

Картите се веќе во продажба и може да се купат преку продажната мрежа на kupikarta.com, како и во Розе Веро 2, ЈК Травел во „Бисер“ и ЈК Травел Дајмонд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 1 седмица

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 2 седмици

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања