Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Кацарска не гледа никаква потреба ниту причина судењето за „27 април“ да се врати од почеток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kacarska

Судијката Добрила Кацарска која во првостепена постапка досуди 211 години затвор за обвинетите во случајот за собранискиот упад на 27-ми април не гледа ниту причина, ниту потреба за повторување на процесот, откако тоа беше побарано во неделата на протестот наречен „Слобода за Уставобранителите“.

— реклама —

Таа во изјава за Канал 5 ги демантира обвинувањата дека пресудите биле политички мотивирани и вели дека не е точно тврдењето дека судската одлука била донесена само врз основа на еден измислен сведок, туку во текот на судењето биле сослушани голем број на сведоци, прегледани повеќе снимки и други докази предложени од обвинителството и одбраната.

– Жално е што секој еден граѓанин се впушта во оценка на висината на казните, иако пред себе ги нема доказите. Не може да стане збор за драконски казни ако се работи за конкретното кривично дело каде што е запретена најниска казна од 10 години затвор. Жалам што јавноста немаше можност да ги види сите оние снимки што ние ги гледавме во судница. Доколку јавноста ги гледаше сите тие снимки како се тепаат пратеници и надвор од прес центарот со клоци тупаници противпожарен апарат сигурно нема да има коментари дека станува збор за драконски казни, вели Кацарска.

— реклама —

Судијката Кацарска, но и обвинителката Вилма Русковска , која го застапуваше обвинението сметаат дека со барањата за укинување на пресудите политиката директно влијае врз судството. Русковска во изјава за Канал 5 вели дека законскиот текст на делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ врз кое беа донесени и пресудите одговарало на кривичните дела кои ги направиле сега осудените.

извор: Канал 5

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања