Промени тема
Контакт

Кацарска: Правото на заштита на животна средина е ограничено пред Уставен, да се размислува за воведување на уставна тужба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kacarska

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска ја отвори темата за проширување на надлежностите на Судот преку воведување на уставна тужба, со која ќе се овозможи граѓаните да бараат заштита на слободите и правата и за правото на заштита на животната средина и да се надминат ограничувањата со кои може да се поднесе барање единствено за правата и слободите предвидени со членот 110 алинеја 3 од Уставот.

„Сметам дека токму правото на здрава животна средина е едно од правата на човекот и граѓанинот кое може да биде појдовна точка за размислување, дискусија и аргументирање за потребата од воведување на уставна тужба, за која јас силно се залагам и која ќе значи проширување на надлежностите на Судот", вели судијата Кацарска.

Односот на Уставот кон правото на здрава животна средина може да се увиди и преку фактот што истиот му дава предност заедно со одбраната, зачувувањето на природата и здравјето на луѓето, а поради кои слободата на пазарот и претприемништвото можат да бидат ограничени со закон и покрај тоа што последните се едни од темелните вредности на уставниот поредок (член 55 став 3 од Уставот), вели Кацарска.

— реклама —

„Кога сме веќе кај ова прашање, една од темелните вредности на уставниот поредок е уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата (член 8 став 1 алинеја 10 од Уставот). Вака формулираниот текст го потенцира значењето на уредувањето и хуманизацијата на просторот што го има врз унапредувањето и заштитата на животната средина и дека е тесно поврзан со неа. Статусот на темелна вредност, пак значи дека ова е алатка при толкувањето на другите уставни норми (вклучувајќи ја и уставната одредба за правото на здрава животна средина) и која треба да биде почитувана при донесувањето на пониските правни акти",вели Кацарска.

— реклама —

Она што е најчесто случај, кога Судот утврдува дека има повреда е во предметите во кои се оценува уставноста и законитоста на одлуките за донесување на урбанистичките планови.

„Последен пример е укинувањето на Одлуката за изменување и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено место Ски центар Водно–Блок 3, Општина Карпош од 2015-та година, каде е констатирана повреда на уставните и законските норми од страна на Општината која не ги објавувала на веб-страницата одлуките за неспроведување, односно за спроведување на стратегиска оцена за влијанието на планскиот документ врз животната средина, иако има законска обврска, рече Кацарска.

— реклама —

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествуваше во дебата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина", организирана од Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот „Проект за добро управување со животна средина." Во прилог на овој маил Ви го испраќаме и целосниот говор на претседателката Добрила Кацарска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања