Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Каде се новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
park
Илустрација

Данела Арсовска, градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите 2 месеци не реализираше ниту еден еколошки проект, не презема ниту еден чекор, ниту една мерка за почист воздух во Скопје, вели СДСМ

— реклама —

„Наместо да ги зголеми Арсовска ги намали парите од градскиот буџет за ново зеленило, за паркови, дрвореди. Дури 33 проценти помалку пари за зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година.

— реклама —

Нема пари за нови паркови, иако им ги ветуваше на скопјани за време на изборната кампања. Каде се новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир? Ги нема.

Дополнително, проектот за еколошкиот и ефикасен јавен превоз, БРТ, Арсовска го прекинува. Иако средства за него се обезбедени и проектот е во интерес на скопјани и почиста животна средина.

— реклама —

Крајно неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници, да се укинува проектот за ефикасен и еколошки градски превоз.

— реклама —

Арсовска покажува голема неспособност и вака не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина во Скопје“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања