Кадриески заминува на лекување во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230615181721

Копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ од Струга, Бекир Кадриески, заминува за Бугарија, откако деновиве во градот го нападна жител на селото Велешта.

— реклама —

Тој се пожали дека не е задоволен од третманот во струшката болница. Кадриески ќе биде пренесен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Бугарија. Тој, како што пренесе БНТ, тврдел дека се плаши за својот живот.

— реклама —

Кадриески е државјанин на Македонија. Тој нема бугарски пасош, но тврди дека има бугарски идентитет.

— реклама —

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси – Попоска денеска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на средба со генералната директорка за европски прашања Славена Гергова, поради тепачката во Струга.

На почетокот на оваа година имаше сличен инцидент во Охрид, каде три лица го нападнаа Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ кој беше отворен во градот, по Софија со владин авион го однесе на лекување во Бугарија. Тој потоа доби бугарски пасош, но и стипендија за школување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања