Промени тема
Контакт

Каевски не очекува ребалансот на Буџетот да биде блокиран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

„ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг временски период го прави истото што го прави односно што го најави во Собранието, впрочем новитет беше само тоа што го официјализираа бојкотот со којшто се обидуваат да ги опструираат и блокираат важни закони којшто треба да се донесат за граѓаните, некаде околу седумдесетина“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

тој додава:

— реклама —

Како што и сами напоменавте ребалансот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности којшто ги дава и деловникот се со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони затоа што е важно во вакви услови кога се соочуваме со енергетска и економска криза, важно е да се носат суштински реформски закони, да се донесе и ребалансот и сето она што е во насока да го подобри стандардот на граѓаните и секако да помогне полесно да се справат граѓаните со последиците од овие кризи.

— реклама —

Очекувам дека ќе надвладее и разумот и кај останатите пратеници којшто доаѓаат од опозицијата впрочем ние секојдневно во Собранието слушаме голем број на пратеници којшто доаѓаат од редовите на опозицијата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ова што се прави не е добро и дека треба да заврши,да се донесат и да се помогне на граѓаните. Очекувам дека разумот на тие пратеници ќе надвладее и дека конечно ќе почнат да работат во функција на граѓаните и заеднички ќе носиме суштински и важни закони, впрочем тоа е поентата и оној апел со којшто секојдневно ние повикуваме да отвориме суштински материјална расправа по законите и доколку имаат конкретни решенија и предлози за да се подобри законскиот текст и да се подобрат тие закони, зеднички да дискутираме, да дебатираме и да го донесеме најдоброто решение.

— реклама —

Тоа е нешто што граѓаните го очекуваат од нас, тоа е нешто што мораме заеднички да го направиме и нешто што е потребно и нужно за да се донесат суштински, важни решенија за граѓаните во овие исклучително тешки периоди, во време кога се соочуваме со најголемата економска и енергетска криза, важно е да имаме опозиција која што нема да опструира и блокира туку ќе соработува и секако заеднички ќе носиме решенија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори“, вели СДСМ

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните идиоти

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ со остри обвинувања до Мицкоски: „Баш арамија!“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања