Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Каевски: Скандал со парцели во Долно Соње

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Скандал со парцели во Долно Соње води директно до актуелниот и сегашен кандидат за градоначалник поддржан од Христијан Мицкоски, Стефче Трпковски, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

„Погледнете ги овие 28 имотни листови. Бројни парцели, со илјадници метри квадратни во Долно Соње за краток период станал сопственик само еден човек, близок до градоначалникот.

Хектари се во прашање овде, над 30 илјади метри квадратни купено земјиште за само неколку години.

Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначлник Трпковски за краток временски период да купи 30 илјади метри квадратни земјиште?

— реклама —

Дали станува збор за дил ориентед релации кум-кумашин, како во времето на Никола Груевски и богатење на грбот на граѓаните?

— реклама —

Сите надлежни институции имаат обврска по допрен глас да го проверат овој случај и да ја информираат јавноста

Градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски треба да излезе пред граѓаните и да објасни како негов близок за само неколку години станал сопственик на илајдници метри квадратни земјиште.

— реклама —

Која е улогата на Трпковски во овој скандал со „парцели во Долно Соње“ од 30 илјади метри квадратни?

Очигледно актуелната локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште и градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ ги повторува и утврдува лекциите научени од времето на Никола Груевски“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања