Промени тема
Контакт

Кај девет лица пронајдена дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
marihuana2

На 29.01.2022 во 00.10 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.01.2022 во 02.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ц.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена тврда материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 29.01.2022 во 02.50 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Р.(25) и Б.С.(28) двајцата од с.Дебреше, гостиварско, кои се превезувале со патничко возило „ауди а3“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С., затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.01.2022 во 02.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(44) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 28.01.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.Ѓ.(22) и Ј.Р.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 28.01.2022 во 06.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода Ф.Ј.(22) и Ш.О.(21), двајцата од с.Свиларе, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени кафеава прашкаста материја и таблетки. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања