Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кај девет лица пронајдена марихуана, четворица се малолетни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
marihuana2

Денеска (31.12.2021) околу 02.00 часот на ул.„Македонско - косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Швајцарија, затоа кај нив била пронајдена марихуана. По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

На 31.12.2021 во 01.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2021 во 00.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 30.12.2021 во 21.15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(22) од Велес, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 30.12.2021 во 23.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.12.2021 на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.В.(38) од охридското село Велгошти, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

На 30.12.2021 околу 15.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и тетовско Џепчиште, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања