Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Како да не ја примам, комшивка ми е“: Марија Дукова повторно сведочи за хаос во лабораторијата на Клиника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Коментари
media-libraryql7ub5os0tiqedJy0Z3

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Еден ден по објавата за долгото чекање, пропуштањето пациенти преку ред и недоволната организација во лабораторијата на Клиника, Марија Дукова повторно се вратила таму. Овојпат, како што раскажува, уште во 7 часот наутро била на местото, но повторно се соочила со проблеми и привилегии за одредени пациенти.

Објавата на Марија Дукова Ви ја пренесуваме во целост

Утрово во 7 часот веќе бев повторно во лабараторијата. Број 21, пет шалтери, а официјалниот почеток на работното време е во 7:30.

Но, ајде да видиме како изгледаше утрото.

Во 7:30 почна работата. Првите пет пациенти влегоа, а потоа екранот со броевите се укочи. Следуваше целосен рестарт, принтерот почна одново да ги печати броевите, а влегувањето се регулираше со довикување одвнатре.

Супер напредна технологија.

Ја прашав една госпоѓа дали кај неа се врши наплатата.

„Не, јас не примам“, ми одговори.

Петнаесет секунди подоцна ја препозна својата комшивка, со број 45, и ја повика по име да влезе.

— реклама —

„Госпоѓо, нели рековте дека не примате пациенти?“

„Да, ама оваа ми е комшивка. Врата до врата сме. Како да не ја примам?“

„Јас вчера ве снимав и го споделив видеото поради ваквото безредие, а вие денес го повторувате истото. Сакате ли и денес да ве споделам?“

„Ааа, вие ли бевте таа што снимаше? Како не ви е срам!“

„Не ми е. Можеби вие треба да се засрамите поради привилегиите што ги давате на одредени луѓе.“

Информацијата дека сум ги снимала и споделила случувањата од претходниот ден се прошири со брзина на светлината.

За право на вистината, госпоѓата што потоа ме презеде за наплата ми се извини и ме замоли да ги разберам и нив. И тоа го ценам.

Но, би сакала и тие да нè разберат нас.

Техничките проблеми ги разбирам. Притисокот врз вработените го разбирам. Но, едно е да имаш проблем со принтерот, а сосема друго е да одлучиш дека за некого правилата важат, а за некого не.

— реклама —

Кога конечно влегов за да ми земат крв, ме дочека нова ситуација.

„Оваа ли е таа што нè снимила?“, рече момчето што земаше крв, како да не стојам на три чекори од него.

„Сепак, би ве замолила за малку култура“, му реков. „Да, јас сум таа.“

Потоа, тој и една госпоѓа, пациентка (што брзо кажа дека е колешка од Воена болница ) што беше таму почнаа да ми објаснуваат дека не сум била во право и дека било нормално да се пропуштаат луѓе преку ред.

„Таков ни е системот. Ако не ти се допаѓа, замини си од државата. Така прават сите“, ми рече тој.

И тука доаѓаме до суштината на проблемот.

Не, драго момче. Системот сме ние!

Ние сме тие што со сопственото однесување придонесуваме тој да функционира на одреден начин. Ако нешто не е во ред, решението не може секогаш да биде „ако не ти се допаѓа, замини си“.

Каде да заминеме? Од сопствената држава, од институциите што ги финансираме и од местата каде што имаме право на еднаков третман?

— реклама —

Утре, не дај боже, таму ќе чекаме за нашата мајка, татко, баба или дедо. Ќе дојдеме од друг град, нема да познаваме никого и ќе мораме да се потпреме на редот и правилата. Тогаш што? Ќе си заминеме затоа што „таков е системот“?

Во еден момент, како да станав експонат, па дојде уште едно медицинско лице да ме укорува зошто сум го направила тоа. Ми објаснуваше дека тука се услужуваат луѓе од цела Македонија и од Косово.

Свесна сум! Токму затоа и зборувам за проблемот.

Разбирам дека работат под притисок, но и тие треба да разберат што значи да патуваш од друг град, да чекаш со часови и на крајот да не завршиш работа. Кога би имало подобра организација и кога сите би ги почитувале правилата, голем дел од овие нервози воопшто немаше да постојат.

Во еден момент ме праша госпоѓата: „Дали си среќна сега, кога објави и сподели?“

„Да“, одговорив.

„Во ред“, ми рече, па се тргна.

И да, среќна сум што проговорив. Не затоа што сакам некого да посрамотам, туку затоа што верувам дека проблемите не се решаваат со нивно премолчување.

Сè додека важи правилото „ќе свртам еден број“, тешко дека ќе одиме напред. Централизацијата дополнително го отежнува функционирањето, но не смееме да го оправдуваме секое неправилно однесување со реченицата „па така е кај нас“.

Ние сме промената што сакаме да ја видиме.

Не мора да бидеме дел од толпата и слепо да прифаќаме сè што сме го наследиле. Ако нешто не е во ред, имаме право да го кажеме тоа — со почит, со аргументи, но и гласно кога е потребно.

Никој не оди во болница од убавини. Зад секој човек што чека стои некаква грижа, потреба или страв за сопственото здравје или за здравјето на некој близок. Најмалку што заслужува е човечки и еднаков третман.

И за крај, добрата вест!

Денес во 8 часот наутро завршив работа! Кој сака нека честита!

Дури и резултатите се готови. Браво за тоа!

А какви ми се резултатите?

Е, тоа е веќе друга приказна.

За сега од Министерството за здравство се немаат огласено во врска со овој случај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања