Како децата на Рашковски му помогнаа да излезе и притвор и кој е имотот со кој гарантира дека нема да бега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
raskovski55

Децата му помогнаа на Драги Рашковски да излезе од притвор. Токму тие се сопственици на имотот со чија помош ексгенералниот секретар на Владата си овозможи да биде на слобода. Малолетниците преку старателот дозволиле да имаат хипотека на недвижностите во Струмица и Скопје. Овој имот, според приложените проценки направени од овластен проценител е со вредност 192.980 евра.

— реклама —

Според решението на Апелација, недвижноста во Струмица се простира на 2089 метри квадратни и неговата вредност е 104.450 евра. Станбениот простор во Скопје односно станот и заедничките простории од зградата, се со вредност од 88.530 евра. Судот веќе стави хипотека, што значи дека ако Рашковски биде недостапен за судот, неговите деца ќе останат без овој имот бидејќи државата ќе треба да го заплени.

— реклама —

„Приложениот имот ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи мерка притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, побегне или го повтори или го доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува“, вели Апелација.

— реклама —

Рашковски сега мора повремено да се јавува на суд, а остана и без пасош што значи дека не смее да ја напушта Македонија. Апелација дозволи да се ослободи ексгенералниот секретар иако Вишото јавно обвинителство се противеше.

„ По оценка на овој совет, основани се жалбените наводи на обвинетиот дека доколку се имаат предвид околностите кои одат во прилог на обвинетиот би се утврдило дека и со понудената гаранција што преставува вредносно обезбедување за присуството на обвинетиот во текот на постапката би се постигнала целта. Имено, во конкретниот случај не е спорно дека кривичната постапка е во тек и дека се уште е потребно обезбедување на присуство на обвинетиот со цел да се спречи истиот да се даде во бегство, што преставува основ за мерката куќен притвор предвиден со чл.165 ст.1 точ.1 од ЗКП, но со оглед на предвиденото со чл.144 ст.2 и чл.164 ст.2 од ЗКП и околностите дека идентитетот на обвинетиот е утврден и познат, има оформено потесно семејство, родител е на две малолетни деца,досега не е осудуван и не се водат други постапки против него, имајќи го предвид стадиумот на кривичната постапка, фактот дека е закажана главна расправа, времетраењето на мерката притвор и куќен притвор, околноста дека обвинетиот не ја извршува функцијата-Генерален секретар на Владата на РСМ и со тоа значајно е намалена можноста да стапи во контакт со лица надвор од територијата на РСМ а заради добивање на непречена здравствена заштита согласно здравствената состојба на обвинетиот, како и фактот дека спрема обвинетиот се определени и привремени мерки за обезбедување на имотно правно барање како и привремена мерка одземање на предмети заради обезбедување, имајќи ја предвид и висината на определената гаранција, советот на овој суд цени дека погоренаведените околности преставуваат вредносно обезбедување за присуство на обвинетиот во понатамошниот тек на кривичната постапка“, стои во решението на Апелација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања