Како ЕЛЕМ и РЕК Битола ја избраа компанијата Марковски за зафат вреден 19 милиони евра, прашува Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rek-bitola-1

Ниту во време на најголемата енергетска криза, СДСМ не се откажува од директни преговори и празнење на буџетот наменет за енергетика. Од една страна носат решенија за бркање на луѓе на принуден одмор, од друга страна, со непосредна спогодба, повторувам СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА, прави договор на 19 милиони евра, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„ЕЛЕМ, државната компанија за производство на струја, склучи спогодба и договор во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас на 19 милиони евра, за ископ на 1,4 милиони тони јаглен, откако цело лето не се копаше јаглен и земјата ја втурнаа во тешка криза.

— реклама —

Овој тендер доаѓа во време кога се носи и решение за принуден одмор на работници од компанијата! Од една страна принуден одмор, заради кризна ситуација, од друга страна директен договор на 19 милиони евра.

— реклама —

Ова е тој заклучок, тоа решение потпишано со Васко Ковачевски за принуден одмор на вработени во РЕК Битола.

Почитувани,

ЕЛЕМ и РЕК Битола мора да одговорат како е дојдено до изборот на компанијата Марковски за зафат вреден 19 милиони евра во време на криза?

Дали имало и кои биле другите компании и зошто тие биле одбиени? Зошто се оди на непосредна спогодба кога цела година се знаеше дека треба да се копа јаглен, а тој не се копаше?

Почитувани,

дека се работи за чист интерес покажува и математиката:

ЕЛЕМ на компанија избрана по лично видување, дава 19 милиони за ископ на 1,4 милиони тони јаглен. Тоа значи цена за тон јаглен е околу 13 евра.

Цената по која што се купува јаглен од Косово е 8 евра за тон, ако може да се верува на бројките на министерот Бектеши.

Следејќи ги бројките, ЕЛЕМ и кадрите на СДСМ, разликата меѓу увозот и директната спогодба е цели 5 евра по тон јаглен.

Блескавите во енергетика, криминогените структури во раководствата во енергетиката, кои што ја оставија државата без своја струја и се уште неплатена увезена струја, по овој последен математички нелогичен зафат во директна спогодба мора да одговорат, дали изборот на фирма во непосредна спогодба чини 5 евра по тон, односно според договорената количина, 7 милиони евра повеќе?

Почитувани,

Неспособноста, криминогеноста, лукративноста на СДСМ ја уништи Македонија и ја втурна во кризи со катастрофални последици“, додава Стоилковски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања