Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Како Каевски со неговата плата изминативе 5 години успеа да се стекне со 3 стана во Скопје, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
darko-kaevski

Празните прес конференции и соопштенија од СДСМ нема да ги сокријат скандалите и криминалот на нивните функционери. Денес очекувавме Дарко Каевски на прес конференција да и одговори на македонската јавност како со неговата директорска, па сега пратеничка плата изминативе 5 години успеал да се стекне со 3 стана во Скопје, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Исто така денес очекувавме дека Дарко Каевски ќе и објасни на македонската јавноста за најголемиот јадач Љубица Јанчева која потрошила 92 илјади денари за предновогодишна забава, која на менито имало и скапи и стари вискија.

Немаше одговор ниту за специјалното мени на екс градоначалникот Петре Шилегов, кој на истата предновогодишна забава, порција бифтек со путер кој чини, ни помалку ни повеќе 2.400 денари.

— реклама —

Кога веќе Каевски зборува за партизирање на институциите, да го потсетиме само за неколку директори во Градот Скопје изминативе 4 години.

До каде е случајот со истакнатиот партиски директорот на претпријатието „Улици и патишта“, Сенко Смаиловиќ кој жив беше фатен со дрога пред година и половина.

Дали Каевски кога зборува партиски директори зборува за претходниот директор на јавното претпријатие во Град Скопје Водовод и Канализација, Душко Весковски кои беше кандидат за градоначалник во општина Карпош и катастрофално ги изгуби изборите.

Кога зборува за партиски кадри, Каевски мисли и на Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, директор на Зоолошката градина, кои воедно е и најнеспособниот директор, каде што му бегаа животни од зоолошката, а патем беше директор со сомнителна- фалсификувана диплома.

Празните прес конференции и соопштенија од СДСМ нема да ги сокријат скандалите и криминалот на нивните функционери.

Исплашени од скандалите и криминалот на нивните функционери кои секојдневно излегуваат во јавноста, се обидуваат со паушални прес конференции да го прикријат секој скандал и криминал“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања