Македонските јавни личности кога се поклопија стрелките на часовникот и заврши одбројувањето, ги земаа телефоните во раце и испратија честитка до своите пријатели, обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.
Каролина
Cheers за остварени соништа и нови надежи… 🥂
Калиопи
Драги мои, има многу начини да ја честитам Новата година, но ова е еден од оние кога си велам - Јас сум покрај морето и ни посакувам слобода како што има морето. Да имам слобода за отворен говор, слобода за да се биде со луѓето, слобода за креативност, слобода за движење, слобода за збогување и слобода за гушкање - како што тоа го правевме на моите концерти со моите песни. Се надевам дека 2022 година ќе ни го донесе тоа – слобода!
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
Викторија Лоба
2021 ја испраќам со чувство на леснотија и БЛАГОДАРНОСТ🙏🏼
2022 Подготвена СУМ 💛✨
СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ!!
СРЕЌНА НОВА 2022 💫
Марјана Станојковска
Драги мои, ви посакувам добро здравје, радост во домот и безброј незаборавни мигови во Новата Година
Лила Филиповска
Доволно беше турбулентна оваа година на секое поле па затоа вака ќе ја испратам без помпа и фанфари… доста и беше нека си оди !!! Не дека немало и убави моменти и мигови за памтење ама сепак , сепак доста и беше !!!! Посакувам Новава да биде сѐ што не беше оваа…! А на вас другари јас и Рагнар ( кој што изгледа многу среќно дека го сликам) Ви посакуваме само здравје и маааалку повеќе љубов …Среќна и успешна година
Игор Џамбазов
Среќна нова, Македонијо наша...
Антониа Гиговска
Драги мои, ја завршувам оваа година среќна и успешна. Кога ќе ме прашаат каква година беше за тебе.. Ух, една од најтешките до сега но и една од најубавите.Многу солзи,многу смеа, многу песни, многу лекции но и многу убави моменти.. Оваа година ја запознав Антониа најскршена но и најсилна. Верувам дека ме чека поубава година , поуспешна, моја година. Ви посакувам Среќна Нова, здрави,живи,среќни,успешни