Како Панчевски од судија стана затвореник, а беше познат како милионер меѓу колегите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pancevski-so-sudot-2

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски сам се пријавил да ја опслужи затворската казна за случајот поврзан со АКМИС системот. Тој добил упатен акт за во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Во наредните денови, согласно правилата на затворот, ќе биде изолиран од останатите затвореници и сместен во приемното одделение, по што ќе биде преместен во друго одделение. Таму ќе треба да помина две години и шест месеци, колку што и му е изречената казна од скопска Апелација. Неофицијално, според наши извори, Панчевски за еден месец, ќе бара да биде преместен во друг затвор од отворен тип, што би значело дека ќе му биде овозможено да излегува и се враќа. Ова право е овозможено за осуденици кои имаат помали затворски казни, како што е овој случај.

— реклама —

Од судија до затвореник

— реклама —

Владимир Панчевски беше познат како милионерот меѓу судиите или судија меѓу милионерите.

— реклама —

Неговото име особено исплива во јавноста кога првите случаи на Специјалното јавно обвинителство влегоа во судска процедура. Секојдневно имаше преписки со Катица Јанева која го посочува како кочничар на предметите кои ги отвори СЈО, а тој пак за обвинителите велеше дека се нестручни и поради тоа немале успех ни резултатите во случаите кои ги отворија.

Тој не се избори за втор мандат.

Владимир Панчевски почетокот на кариерата ја започнува како волонтер во Основното јавно обвинителство. Од 2003-2008 година, работи во Министерството за финансии, во одделот на финансиска полиција. А, потоа влегува во Кривичниот суд каде што една година работи како истражен судија. Со доаѓањето на Лидија Неделковска за Претседателка во Кривичниот суд, Панчевски е прераспореден во Одделот за организиран криминал. Судија е во повторената постапка за случајот „Армиско оружје“, потоа во случајот „Пепел 2“ и „Виторија“. На 38 години е избран за претседател на Кривичниот суд.

Панчевски беше познат како сопственик на девет стана, од кои два се со квадратура од околу 140 метри квадратни, еден со 114 метри квадратни, а четири со околу 80 квадрати. За потеклото на сите девет станови, во анкетниот лист пишуваше дека се стекнати со наследство. Два стана гласеа на името на неговите родители, а седум се на име на самиот Панчевски. Вози ново БМВ, има пари во банка, сефови и неколку штедни книшки.

Обвинението за АКМИС системот против него беше поднесено во 2019 година. Обвинителството утврдило дека обвинетиот Панчевски о периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со пречекорување на границите на своето службено овластување. За овој случај, Панчевски беше на распит во ОЈО Скопје на 20 септември 2019 година, а како сведоци беа повикани претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и поранешната в. д. претседателка Снежана Бајлозова. Тој беше првостепено осуден во 2020 година. Во септември 2021 година беше и правосило осуден, со намалена затворска казна

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања