Промени тема
Контакт

Како што СДСМ и ДУИ дружно крадат, така дружно ќе бидат казнети од народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ДУИ и СДСМ ги обединува само желбата за власт и криминалните тендери. Впрочем тие се главната причина поради која Македонија се наоѓа во невидена економска, енергетска и здравствена криза. Единствено кое организирано функционира во државата е криминалот на власт на СДСМ и ДУИ, а се друго тоне, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот осиромашува поради криминалот и корупцијата на ДУИ и СДСМ. И Македонците и Албанците и Турците и Србите и Бошњаците и Ромите и Власите и сите останати гледаат дека Македонија ја владее мафија која ги има поделено бизнисите и сферите на интерес. Затоа не се напаѓаат, затоа не се гонат за криминал, оти народот вели врана на врана очи не вади. Исти се.

— реклама —
— реклама —

СДСМ и ДУИ секогаш кога се соочени со објективни критики или се фатени во криминал, прво што прават е да се прават жртви. Додека СДСМ е со полна уста европски вредности, а краде, нивниот партнер истото го прави, ама освен со европски вредност користи зелени агенди или албански интереси за да ја замајува јавноста. Тоа веќе не им поминува кај никого. Албанците масовно се исселуваат од Македонија, затоа што 20 години ги владее партија која освен гол популизам не направила ништо суштинско да го подобри нивниот стандард.

— реклама —

Како што СДСМ и ДУИ дружно ги делат криминалните тендери, така дружно и ќе бидат казнети од страна на народот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања