Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Како заработуваат Вилијам, Кејт, Хари и Меган

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Kralsko-semejstvo

— реклама —

— реклама —

Британското кралско семејство е едно од најбогатите во светот, а кралицата Елизабета е во врвот на најбогатите монарси на нашето време. Нејзините потомци и роднини исто така имаат многу пари, но, спротивно на верувањето на многумина, принцовите и принцезите кои не се директни потомци на круната, сепак, треба да работат.

На пример, иако се внуки на кралицата, принцезите Беатрис и Евгенија се ангажирани на вообичаени работни места. Принцезата Беатрис работи во софтверска фирма неодамна промовирана во Лисабон, каде што се дружеше со Јелена Ѓоковиќ. Принцезата Евгенија е директор на уметничка галерија.

Принцовите Чарлс, Вилијам, Хари и нивните жени се вработени во кралската палата и нивната работа е да го промовираат кралството. Од страна на кралицата Елизабета доделени им се бројни задачи, па така одат на хуманитарни настани, отвораат училишта, болници, се грижат за фондации и го посетуваат целото кралство за да им се доближат на обичните смртници.

Нивните патувања, облека и други трошоци делумно се покриени од страна на даночните обврзници, а исто така имаат и приватна сопственост, како и наследство од принцот Чарлс. Вилијам и Хари го имаат наследството на нивната покојна мајка Дајана.

Од ноември минатата година, дел од нив е и Меган Маркл. Поранешната актерка, освен од даночните обврзници, сè уште заработува сопствени пари. Иако таа ја напушти актерската кариера, нејзините сцени сè уште се појавуваат и парите се слеваат на нејзината сметка. Пред да се омажи ја продаде куќата во Канада, па затоа на нејзината сметка има 1,6 милиони долари.

— реклама —

Иако многумина ги нарекуваат паразити, британските принцови и принцези навистина остваруваат добивка во својата земја. Некои истражувања покажуваат дека кралското семејство е еден од најважните брендови на Велика Британија и има огромно влијание врз туризмот. На пример, свадбата на Хари и Меган на Велика Британија и донесе приход од 500 милиони фунти.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања