Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ пред јавноста го претстави својот став за ЛГБТ популацијата.
Таа сега јавно одговори дека апсолутно ги поддржува истополовите бракови и апелираше што побрзо да се овозможат нивните човекови права.
- Не знам до кога ќе ѕиркаме во туѓи паричници, чинии и кревети! Ако двајца се сакаат, треба да им се обезбедат сите човекови права, вклучително и бракот - изјави Цеца за „Информер“.